(Фото) Мет Дејмон ја продава својата вила во Лос Анџелес

Холивудскиот актер Мет Дејмон сака да ја продаде својата вила во Лос Анџелес за цена од 21. милион долари. Тој со сопругата и четирите деца сака да се пресели во Њујорк. Според неговиот агент за недвижност, Дејмон веќе купил пентхаус во Бруклин за 16. милиони долари.

Неговиот имот во Лос Анџелес се наоѓа во популарниот  Pacific Palisades. Глумецот го купил во 2012-та година за 15 милиони долари. Вилата е на 1.000 метри квадрати и во неа има седум спални соби, десет купатила, базен, теретана, сауна, центар за масажа и вински подрум.

Надвод во дворот има езеро со многу риби.

Scroll to Top