(Фото) Модата на црвениот тепих, најубавите фустани на ѕвездите на БАФТА

Наградите на Британската академија за филмска и телевизиска уметност, БАФТА, синоќа во „Ројал Алберт Хол“, во Лондон, беа доделени на церемонија, без публика, поради пандемијата со коронавирусот.

На свечената церемонија, ѕвездите се појавија во прекрасни фустани и докажаа дека знаат да носат гламурозни парчиња. Фиби Диневор, Пријанка Чопра и Ник Џонас беа меѓу првите од големите ѕвезди кои пристигнаа на црвениот тепих.

Поради Ковид-19, победниците и номинираните не присуствуваа лично, но, се појавија виртуелно, додека поголемиот дел од sвездите пристигнаа во лондонската концертна сала, местото каде што се објавуваа победниците.

Фиби Диневор, sвездата на најгледаната серија на „Нетфликс“, „Бриџертон“, донесе гламур на црвениот тепих во елегантен црн фустан. Пријанка Чопра Џонас и нејзиниот сопруг Ник Џонас исто така го украдоа вниманието на папараците.

Рене Зелвегер пак се појави на екранот додека позираше на виртуелен тепих од Лос Анџелес.

Scroll to Top