(Фото) Моника Белучи има ново момче

Италијанската актерка Моника Белучи има ново момче, пишуваат светските магазини. Францускиот уметник Николас Лефевре се најде на листата на нови избраници на Белучи пишува micetimes.asia.

Фотографии од нив двајцата како разменуваат нежности на јавно место се појавија и на социјалните мрежи. Николас Лефевре е 36 годишен француски уметник, кој веднаш по објавата дека е во врска со Белучи, стана популарен на Инстаграм, особено кај понежниот пол.

Нивните заеднички фотографии каде двајцата се во ноќна прошетка, беа објавени на насловните на повеќе светски магазини. Моника зад себе веќе има неуспешен брак со Винсент Касел со кого има две ќерки.

 

Scroll to Top