(Фото) „На дечко ми му досади од моите исти селфиња“, се пожали Никол Шерцингер и пак објави нови фотографии

By

Една од најубавите и најзгодни жени во светот, пејачката Никол Шерцингер, објави фотографии од одморот на островите Теркс и Кејкос. 

На фотографиите членката на групата The Pussycat Dolls позира во минијатурно бикини на плажа. Никол маѓепсува со својата фигура, а многумина ѝ пишуваа дека изгледа фантастично и дека нејзините фотографии се покажаа одлични.

„Кога и да позирам вака, никогаш не изгледам добро. Која е твојата тајна?“, беше прашањето за Никол. „Правам милион слики“, напишала Шерцингер со смеа.

 

 

Минатата недела таа се пошегува оти на нејзиното момче, некогашниот рагбист,  му здосадило постојано да ја фотографира.

„Кога вашето момче почнува да ве мрази затоа што правите милион исти селфиња“, се пошегува Шерцингер.

Том и Никол се во врска веќе една година, откако се појавија заедно на црвениот тепих на „Golden Globes“ во 2020 година. Тие се запознале за време на снимањето на музичкото шоу „X Factor“, кога пејачката беше дел од комисијата, а Том се натпреваруваше во бенд.

За да ја одбележи нивната годишнина, Никол сподели слатка посвета за Том.

„Среќна годишнина љубов моја. Кој знаеше дека целиот мој свет ќе се промени пред една година. Ти си резултат на моите молитви. Те сакам многу“, напиша таа.

 

 

 

Ќе ви се допадне

Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 20 at Funimation dragon ball super english dub funimation

Is It Wrong to Try to Pick Up Girls in a Dungeon? III Episode 12 at website https://animeflix.nl animeflix fairy tail