(Фото) На доделувањето на CFDA наградите, Џенифер Лопез во фустан со 43.000 кристали

Светската пејачка Џенифер Лопез ја доби наградата за модна икона на доделувањето на наградите CFDA. На настанот кој е познат како доделувањето на Оскарите во светот на модата, пејачката се поајви во портокалово-црвен фустан од брендот на „Ралф Лорен“, на кој имало 43.000 кристали.

Организаторите на настанот велат дека латино ѕвездата со право ја добила титулата модна икона. Покрај неа оваа награда ја добиле и светскиот модел Наоми Кембел, пејачките Бијонсе и Ријана и холивудскиот актер Џони Деп.

Џенифер Лопез во својот говор изјавила дека ја обожава модата уште од време кога била девојче кое пораснало во Бронкс. Покрај Лопез гости беа и сестрите Хадид, Брук Шилдс, Хајди Клум и многу други.

 

Scroll to Top