Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар Јуниор, на тренинзите на својата бразилската репрезентација пристигнува со специјален хеликоптерот од типот „ербас икс 145“, кој чини 13 милиони евра.
Леталото е направено специјално за потребите на Нејмар и на неговата надворешност можат да се видат неговите иницијали. Фудбалерот хеликоптерот го набавил во Грања Комари, во близина на Рио де Жанеиро.
Произведен е во фабриките на „Мерцедес-Бенц“. Неговата максимална брзина изнесува 248 километри на час, а во него можат да влезат 10 лица. Во внатрешниот дел на хеликоптерот можат да се забележат мотиви од неговиот омилен суперхерој Бетмен.