(Фото) Неверојатната сличност со Бред Пит на Британец му донела повеќе проблеми со жените отколку убави работи

Нејтан Мидс (35) е човекот за кој многумина велат дека му е двојник на холивудскиот актер Бред Пит (57). Неверојатната сличност со популарниот актер вели дека повеќе му донела проблеми со жените, отколку убави работи.

„Жените често паѓаат на мене. Некои од нив не можат да поверуваат колку личам на него, а некои ме обвинуваат деа сум лажен, па секогаш се обидуваат да ме поканат да се видиме во живо“, вели тој.

Мидс е самохран татко кој работи како градежник. Тој исто така работи и како имитатор на Бред Пит. Тој вели дека му е тешко да излегува со жени кои се опседнати со оскаровецот. Призна дека му е тешко да ја најде љубовта на неговиот живот.

Додека пробувал со апликациите за забава, некои жени го обвиниле дека има лажен профил.

„Кога ги избришав профилите за состаноци останав сам. Сега престанав да ја барам љубовта на мојот живот. Не сакам да се смирам, бидејќи моите ќерки се мојот свет и мојот највисок приоритет. Не ја барам мојата Анџелина“, вели Мидс.

Тој вели дека почнал да го имитира Бред пред три години, откако многумина го советувале дека може да успее во тоа, затоа што неверојатно си личат. Неговиот статус на двојник, исто така, му донело покани за настани на црвениот тепих каде се запознал со други познати личности.

„Првпат кога ми кажаа дека многу личам на Бред Пит имав 20 години. Коментарите продолжија и во наредните 10 години, а јас секогаш само се смеев на тоа“, вели Мидс.

Британецот вели дека тешко му паѓа тоа што личи на еден од најдобрите актери во светот и дека му биле потребни години за да открие како тоа да го искориси во негова полза.

„Стотици луѓе ми велеа дека личам на него, но, јас на почетокот не размислував да направам ништо во врска со тоа. На крајот кога веќе ми здодеа, испратив мои фотографии на четири различни агенции кои сакаа да работат со мене“, вели Мидс.

„Ме контактираше дури и Дориен Роуз, познатата двојничка на Анџелина Џоли. Таа не можеше да поверува дека никогаш не работела со мене“, рече Нејтан, кој заработува помеѓу 200 и 500 фунти дневно, за само еден настап.

 

Scroll to Top