Најновите фотографии од снимањето на филмот за суперхерои „Тор: Љубов и гром“ (Thor: Love and Thunder), кој се снима во Австралија повеќе од еден месец, воодушевија многу обожаватели на актерката Натали Портман.
На социјалните мрежи се појавија неколку фотографии од снимањето, кои откриваат нови детали за филмот и прикажуваат како ќе изгледаат актерите во нивните ликови.
Оскаровката Натали Портман ја игра женската улога на Тор. Таа повторно ја игра улогата на Џејн Фостер, но овој пат обдарена со моќта на чеканот на Тор.
Natalie Portman (The Mighty Thor) flexes her muscles in this new images from the set of ‘THOR: LOVE AND THUNDER’ 🚨 pic.twitter.com/W9JOI0kgHm
— cosmic (@cosmic_marvel) March 7, 2021
На последните фотографии од снимањето на филмот очигледно е дека Натали последните месеци ги поминала времето во вежбање и билдање на мускулите, за биде во форма. Нејзините обожаватели се воодушевени поради тоа што Натали всушност ќе го игра ликот на женски Тор.
„Отсекогаш ја сакав Натали. Уште кога глумеше во филмовите од серијата ‘Војни на ѕвездите’, кои ги гледав како дете. Таа ќе биде феноменален Тор“, напишал еден од корисниците на Твитер.