(Фото) Ник Нолти остарен и непрепознатлив

Актерот Ник Нолти на почетокот на деведесеттите години беше прогласен за најсексапен маж на планетата. Но, тој денес веќе не наликува на себе. 77-годишниот Ник изминативе години често беше пијан и дрогиран, како што признава самиот, а тоа се одрази и на неговиот изглед.

Деновиве Нолти е повторно во центарот на вниманието благодание на автобиографската книга Rebel: My Life Outside The Lines. Во неа потврди дека земал кокаин, ЛСД, течни екстази, дури и хероин.

Актерот три пати се женеше и три пати е разведен.

Фановите, пак, велат дека повеќе личи на писателот Џорџ Ар Ар Мартин, авторот на „Игра на тронови“, отколку на себе.

Scroll to Top