(Фото) Новинар на Си-ен-ен е новиот дечко на Ким Кардашјан

Се шират шпекулации дека американската реална sвезда Ким Кардашјан (40) се забавува со репортерот на Си-ен-ен, Ван Џонс (52), додека уште трае развод со раперот Канје Вест (43).

„Дали Ким Кардашјан веќе го преболе Канје Вест?“, прашуваат фановите од светот.

Шпекулациите за новата врска почнаа викендов кога Синди Адамс, колумнист на „Њујорк пост“, откри дека слушнала приказни за нивната наводна романса.

„Ако Ким се омажи за Ван, нема да можам повеќе да се справам со ова нешто што се нарекува живот, тоа би било премногу за мене, ха, ха“, рече еден обожавател.

Некои корисници на „Твитер“ ја обвинија Ким дека го користи Џонс за да ѝ помогне во идната правна кариера. Во 2018 година Ким и Ван ги здружија силите за успешно спасување на Алис Џонсон од затвор, кој беше помилуван од поранешниот претседател Трамп.

Инаку, Ван е сам веќе некое време по разводот од својата сопруга Џејн Картер во 2019 година, а со која беше заедно со години. Ким поднесе барање за развод од Канје Вест во февруари годинава по 6 години брак и четири деца.

Scroll to Top