Откако пред неколку дена беа уловени од папараците како се бакнуваат, Адријана Лима и нејзиното ново момче сега одмораат на јахта во Бодрум.
Станува збор за турскиот писател, Метин Хара од кого буквално не се делеше.
– Лима ја запознав во Истанбул. Уште во првиот момент знаевме дека имаме чувства еден за друг. Сега сме заедно и уште се запознаваме, открива писателот.