(Фото) Памела ја продава луксузната вила во Малибу

Славната глумица и модел Памела Андерсон ќе се сели во Канада, а нејзината вила која ја купи во 2000 година за 1,8 милиони долари во Малибу Калифорнија, сега сака да ја продаде.

Во изминатите десет години таа вложила уште дополнителни осум милиони долари, за да ја уреди по свој вкус. Вилата е сместена во затворена заедница и е голема околу 600 квадрати.

Во неа има дневен престој, трпезарија и кујна со камин, простран дел со базен три спални соби, простор за одморање и сончање и приватна плажа

Кујната е направена со плочки од камен и стаклени врати кои се отвораат кон базенот. Скалите се од дрво и стакло и водат до главната спална соба која има приватен балкон, а на имотот се наоѓа и еднособен пансион.

Одлуката да ја продаде паднала кога со својот сегашен сопруг, нејзиниот поранешен телохранител, одлучиле да се преселат во родната Канада.

„Се чувствувам смирено во својот ранч во Ванкувер, каде имам и засолниште за животни. Многу ми е блиску плажата, само на еден чекор сум до водата, каде најчесто се опуштам“, изјавила Памела за The Post.

Scroll to Top