(Фото) Памела се сликаше како бринета за модно списание

Поранешната плејбој-зајчица и глумица Памела Андерсон со променет имиџ се најде на страниците во едно модно издание. Таа повеќе ја нема русата коса по која беше препознатлива. Фотографиите на кои позира како бринета ги објави на социјалните мрежи.

За промената боја на коса и новиот изглед доби пофалби од обожавателите.

„Прекрасна си“; „Беше тешко да те препознаам од прва“; „Ми се допаѓа темната коса“; „Изгледаш неверојатно“, коментираат фановите.

Памела стана позната по улогата во хит серијата „Чувари на плажа“, а неодамна раскина со францускиот фубдалер Адил Рами.

Scroll to Top