(Фото) Пандемијата не ги погоди познатите кои купуваат луксузни вили вредни милиони

Познатите и богати личности не се премногу засегнати од пандемијата со коронавирусот и дури и во услови на економска криза, тие трошат милиони долари за луксузни вили, пентхауси и големи имоти на најегзотичните места во светот.

Само во последните месец дена, со нов имот се подновија глумецот Метју Меконахи, Синди Крафорд, Ријана, музичарот Адам Левин и пејачот Џастин Бибер.

Глумецот Метју Меконахи купи куќа за одмор на Хаваите. Цената за неговата нова куќа е 7,850.000 долари. Резиденцијата е единствена која е изградена по мерка. Погледот кон океанот е неверојатен, а опкружувањето е мирно, тивко и многу приватно. Куќата има 650 метри квадратни и е направена со италијански мермер, рачно изработен камен и потсетува на хотел со пет ѕвездички. Има пет спални соби, стаклен вински подрум, 2 гаражи за автомобили и 2 надстрешници за голф, а исто така има и 2 главни апартмани, 2 базени, 2 надворешни огништа и терен за куглање.

Светскиот модел Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер, купиле луксузен стан во ексклузивниот дел на Мајами Бич за 3.000.000 долари. Засега не е познато кога точно го купиле пентхаусот, но во овој луксузен комплекс, становите имаат од две до пет спални соби, а погодностите вклучуваат престој на кровот кој има базен со приватни кабини, студио за јога и медитација, приватна кино сала, вратар, библиотека, градина, детска соба и друго.

Исто така лифот се наоѓа во предсобјето на пентхаусот. Иако не е потврдено, се претпоставува дека тие го купиле пентхаусот со 2 спални соби и 2 купатила во долниот дел.

Музичарот Адам Левин купил го купил историскиот имот Монтесито за 22.700.000 долари. Местото е изградено во 1923 година, а се простира на 5.2 хектари. Го проектирал познатиот архитект Џорџ Вашингтон Смит, за еден од основачите на Монтесито.

Пазарната цена била 29.500.000 долари, а Адам успеал да испреговара за попуст. Имотот се состои од главна резиденција во шпански стил, двокреветна гостинска куќа, еднокреветна градинарска викендица и трособен стан над посебната гаража наменета за пет автомобили.

Вкупно има 9 спални соби и 11 купатила. Од останатите занимливости, поседува и театар, вински подрум, тениски терен, балкон со базен, зеленило и простран уреден тревник со прекрасен поглед.

Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли, купиле куќа на Беверли Хилс за 8.500.000 долари.

Нивната колешка Ријана купила за 13,8 милиони долари вила во Беверли Хилс во Лос Анџелес. Вилата има пет соби и седум купатила, а се протега на 2000 метри квадратни.

Изградена е во 1930 година. Нејзин прв сосед ќе биде поранешниот член на „Битлси“, Пол Мекартни, а во близина ќе и бидат и колешките Мадона и Мараја Кери.

На имотот може да се види отоворен двор со тераса, базен, спа центар и огниште. Внатре има теретана и огромен дневен простор. Покрај оваа вила, пејачката поседува куќа и во Лондон и на родниот Барбадос.

 

Scroll to Top