Парче торта од венчавката на принцот Чарлс и принцезата Дијана Спенсер од 1981 година беше продадено на британска аукција во средата за 1.850 фунти, односно околу 2.200 евра.
Парчето торта, кое било старо 40 години, било продадено со предупредувачка порака да не се јаде. Почетната цена му била од 300 до 500 фунти, но на крајот било продадено за трипати повеќе. Парчето торта било со марципан и бела глазура, украсено со кралскиот грб.
„Бевме изненадени од бројот на луѓе кои сакаа да дадат понуда за ова големо и уникатно парче кралска торта“, рекол аукционерот Крис Албури и специјалист за кралски спомени во аукциската куќа Dominic Winter Auctioneers.
„Имаше многу прашања од понудувачите, главно од Велика Британија, САД и неколку земји од Блискиот Исток“, рекoл Албури во е -пошта, додавајќи дека успешниот понудувач дошол од Лидс, на северот од Англија, пренесува Тпортал.
Тортата прво ѝ беше дадена на Моира Смит, која работеше за кралицата мајка во резиденцијата на Кларенс Хаус во центарот на Лондон. По смртта на Моира Смит, нејзиното семејство го продаде на приватен колекционер за 1.000 фунти на аукција во 2008 година.
„Изгледа дека е во иста добра состојба како кога беше првично продаден, но ве советуваме да не го јадете“, велат аукционерите.