(Фото) Пенелопе Круз со сопругот, страст и љубов среде море во Италија

Шпанската суперѕвезда Пенелопе Круз (47) е на одмор со нејзиниот сопруг, актерот Хавиер Бардем (52) во Монте Аргентарио, Италија.

Актерката изминатиов период напорно работеше на снимањето на претстојниот филм „L’immensita“ во режија на Емануел Криалез, па ја искористи шансата да избега надвор од Рим и да замине на романтичен одмор со својот сопруг. Тие беа фотографирани за време на нивниот одмор, додека се забавуваа во вода.


Следниот ден парот беше повторно фотографиран на истото место. За таа прилика, актерката облече црн едноделен костим за капење.

Scroll to Top