(Фото) Пирс Броснан на модна ревија на синот Парис во Лондон

Британскиот актер Пирс Броснан присуствуваше на добротворна модна ревија во Лондон на која учествуваше неговиот син Парис.

Парис прошета по модната писта заедно со манекекната Стела Максвел. Популарниот Џемс Бонд објавил момент од вечерта на својот „Инстаграм“ профил.

„Само што ќе се свртиш, а тие веќе пораснале“, бил краткиот коментар на Броснан на социјалните мрежи.

Многумина обожаватели коментирале дека младиот Парис е вистински наследник на Пирс и дека двајцата многу си личат. Парис неодамна и самиот пробал да глуми заедно со неговиот татко. Меѓу коментарите имало и такви кои сметаат дека е невозможно Парис да ја наследи актерската кариера на легендарниот Пирс Броснан.

 

 

Scroll to Top