(Фото) По 17 години, повторно заедно: Џенифер Лопез и Бен Афлек наводно на романтичен викенд

By

Веста дека латино ѕвездата  Џенифер Лопез и холивудскиот заводник Бен Афлек се повторно заедно е новата приказна за која се  зборува. Тие биле фотографирани заедно во автомобил и додека се качуваат во приватен авион, а странските медиуми се распишаа дека биле на романтичен викенд во Монтана. Странските портали објавија ексклузивни фотографии од славната двојка, снимени заедно првпат, 17 години по прекинувањето на свршувачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nanaka JLover 🇯🇵 (@n_jlover)

Инаку, Бен ја запроси Џнифер во 2002 година, а потоа раскинаа непосредно пред самата венчавка во 2004 година. Останале во контакт сите овие години.

“Се слушаме одвреме-навреме и многу ја почитувам. Зарем не е неверојатно некој да го направи својот најголем филмски хит на 50-годишна возраст? – рекол Афлек за поранешната партнерка во една прилика.

Бен Афлек во јануари раскина едногодишната врска со младата актерка Ана де Армас, новата Бод-девојка, а Џенифер пред неполн месец ја раскина свршувачката со бејзбол играчот Алекс Родригез, по четири години љубов.

Ќе ви се допадне

KissAnime kissanime plus: That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 24

ANIMEFLIX animeflix darling in the franxx: Watch Attack on Titan Season 2 (Dub) Episode 5 (https://animeflix.nl/m/PkDK/ep-5)