(Фото) По 19 години брак, се разведува ѕвездата на „Валканиот танц“

Глумицата Џенифер Греј (60), најпозната по улогата на Бејби во филмот „Валканиот танц“, се разведува од сопругот Кларк Грег по 19 години брак. Тие ја објави веста на социјалните мрежи со кратка заедничка изјава.

„По 19 години барк, се разделивме во јануари, знаејќи дека секогаш ќе бидеме семејство што се сакаме, цениме и се грижиме едни за други. Неодамна донесовме тешка одлука за разводот, но остануваме блиски и длабоко сме благодарни за животниот пат што го споделивме и прекрасната ќерка што ја воспитавме“, стои во изјавата.

Џенифер и Кларк се запознале во 2000 година. Ја имаат ќерката, Стела, која денес има 18 години.

Откако Греј стекна светска славата со улогата во „Валкан танц“, направи две операции на носот со што целосно го смени изгледот. Тогаш не само што не ја препознаа обожавателите, туку ни пријателите. Ова, велат критичарите, засекогаш ѝ го затвори вратите во Холивуд, па таа добиваше само мали улоги. Многу години подоцна, Џенифер изјави дека жали што го оперирала големиот, препознатлив нос.

„Влегов во операционата сала како ѕвезда и излегов како анонимна личност“, рекла таа и додавала дека загубата на славата и популарноста биле трауматични за неа. Тогаш дури и размислувала да го смени името за да почне кариера со ново име и изглед.

Нејзиниот маж, пак, е исто така глумец. Тој е најпознат по улогата на тајниот агент Фил Коулсен од филмовите на Марвел.

Scroll to Top