(Фото) По Харисон Форд и Деми Мур на одмор во Дубровник, Хрватска стана омилено место на светскиот џет сет

По холивудската ѕвезда Харисон Форд и Деми Мур годинава ја посети Хрватска. Таа е видена во вилата Агава во Дубровник. Глумицата објави фотографии од нејзиниот одмор, но, не напиша каде се наоѓа, а некои од фановите веднаш го препознаа местото.

Таму Деми на одмор е со нејзината пријателка Ерика Бутербах и Патрик Хилгард. Таа во понеделникот објави селфи од една од камените тераси со поглед на море, а потоа и папараците ја уловија во црн костим за капење.

За потсетување, неодамна Дубровник го посети и вдовицата на некогашната НБА ѕвезда Коби Брајант, Ванеса. Таа дојде во Хрватска заедно со нејзините ќерки и напиша дека тоа било ветување кое и го дал Коби на нивната ќерка пред да загине минатата година во хеликоптерска несреќа.

Во Хрватска пристигна и Мајкл Џордан, кој пристигна во Сплит и пловеше низ Јадранот на јахта од милион долари. Претходно во Хрватска на одмор дојде и холивудската ѕвезда Силвестер Сталоне со неговите ќерки.

 

Scroll to Top