(Фото) По крунисувањето објавени фотографии од кралицата Камила во костим за капење

Фотографии од новата британска кралица Камила Паркер во костим за капење, станаа хит по крунисувањето. Фотографиите се од пред неколку години кога Камила била на одмор на Карибите.

„Фотографии кои Камила би ги запалила ако би можела. Баш ни е убава кралицата, но кога би се шегувале. Оваа жена нема ништо господарско во неа. Мене ми е срам што ни е кралица“, биле само некои од коментарите на фановите.

За потсетување Елизабета Втора беше првиот британски монарх кој на престолот помина 70 години. Јубилејот беше обележан со нејзината изјава и желба Камила да биде сопруга на нејзиниот син Чарлс и да ја добие титулата кралица кога тој ќе стане крал.

Одлуката беше изненадување за многумина, бидејќи до тогаш владееше ставот дека Камила ќе ја има само титулата на принцеза. Сепак Елизабета ја промени одлуката. Пред и по смртта на Елизбаета, интересот на Камила се зголеми како и кога се омажи за Чарлс во 2005 година.

Се зборуваше дека Камила и Чарлс биле во врска и кога тој бил со принцезата Дајана. Доказите излегоа во 1992 година, кога медиумите објавија транскрипт од нивните тајни разговори.

 

 

Scroll to Top