(Фото) По разделбата со Бредли Купер, Ирина Шајк во љубов со Италијанец

Пет месеци по разделбата со холивудскиот актер Бредли Купер, Ирина Шајк има нов дечко. Таа била сликана со нов маж на една забава по доделувањата на наградите за најдобар иноватор во Њујорк.

Манекенката била многу расположена, а со неа бил Италујанецот Рикардо Тиција, и со него цела вечер се држеле за раце. Ирина не се ни криела со него, а медиумите пишуваат дека позирала пред фоторепортерите.

Инаку, во јуни оваа година Шајк ја прекина четиригодишната врска со Бредли Кушпер со кого имаат ќерка. Нивната разделба беше изненадување за јавноста, оти важеа за складна двоја. Тие не кажаа која е причината, но се претпоставуваше дека за љубовниот крах е виновна Лејди Гага со која Бредли работел на филмот „Ѕвездата е родена“

Scroll to Top