(Фото) По разводот со Мајли, Лиам Хемсворт има нова девојка

Три месеци откако се раздели со сопругата Мајли Сајрус и поднесе барање за развод, австралискиот глумец Лиам Хемсворт има нова девојка, пишува „Ти-ем-зи“. Според нив, Лиам е во врска со австралиската глумица Медисон Браун, која се прослави со улогата со серијата „Династија“.

Папараците ги сликаа Лиам и Медисон како се држат за раце додека шетаат низ Њујорк, а потоа двојката беше на ручек во бистро во областа Вест Вилиџ. Тие пишуваат и дека Медисон малку личи на Мајли.

За разлика од Лијам, веднаш по разделбата, Мајли беше во врска со Кејтлин Картер, а пред неколку дена се пофали дека има ново момче, музичарот Коди Симпсон.

(Фото) Дечкото ја изненади Мајли Сајрус во болница

Scroll to Top