(Фото) По разводот со Меган, Брајан Остин Грин има нова девојка

Брајан Остин Грин и Меган Фокс потврдија дека се разведуваат пред неколку недели, и додека за неа се шпекулира дека е во врска со Машин Ган Кели, Грин бил фатен во друштво со старлетата Кортни Стоден.

Фотографите го фатиле во Лос Анџелес во друштво на старлетата Кортни Соден, парот излегол надвор од ресторанот, а потоа заедно влеле во ист автомобил.

Ѕвездата на „Беверли хилс 90210“ и неговата  сопруга пред неколку недели објавија дека се разведуваат по десет години брак. Грин рекол дека Меган ќе ја сака  засекогаш, а парот одлучил заеднички да ги израсне трите синови кои ги имаат од бракот.

Стоден, од друга страна, неодамна го напуштила својот 34-годишен сопруг Даг Хачинсон и оттогаш била со неколку мажи. Таа истакна дека се чувствува подобро од кога и да било по разводот, а најавила и книга во која ќе каже сè за врската. Тие се венчале во 2011 година, кога таа имала само 16 години, а тој имал 50 години. Двојката се смируваше и расправаше неколку пати за време на нивниот бурен брак, а Стоден открила и дека во 2016 година имала спонтан абортус.

Scroll to Top