(Фото) Покрај куќарка на ранч – Хари и Меган со поинаква божикна честика

Хари и Меган објавија невообичаена божикна честитка со синот Арчи и во несекојдневно издание тие им посакаа среќен Божик на сите.

Фотографијата ја сними мајка ѝ Дорија Рагланд, а потоа ја испратиле како божикна честитка до организацијата за заштита на животните „Мејхју“.

„Воодушевени сме од божикната честитка од војвотката од Сасекс, која и лично донира средства за помош на кучињата, мачките и целата наша заедница. Од сите нас и ние им посакуваме среќен Божик“ напишаа од „Мејхју“.

Хари и Меган божикните празници нема да ги поминат со британското кралско семејство. Тие заедно со синот Арчи првпат ќе го прослават Божик заедно на својот имот во Калифорнија.

Scroll to Top