(Фото) Поранешната девојка на Кара Делавињ фати дечко

Глумицата Ешли Бенсон, откако раскина со моделот Кара Делавињ, фати дечко. Таа неколку недели е во врска со раперот Џи Изи. Иако американските медиуми веќе некое време пишуваат за наводната врска на глумицата и музичарот, тие негираа дека се заедно. Но, папараците ги сликаа додека беа на шопинг во Лос Анџелес и постојано се бакнуваa и држеa за рацете.

Ешли и Џи Изи се запознале додека работеле заедно на преработката на песната Creep од групата Рејдиохед. Претходно, Ешли речиси три години се гледаше со Делавињ, а некои медиуми пишуваа и дека девојките тајно се венчале, но тоа тие никогаш не го потврдија.

Scroll to Top