(Фото) Принцезата Шарлот е наследничката на Дајана

Во кралското семејство во понеделникот стигна уште едно бебе. Кејт Мидлтон и принцот Вилијам го добија и третото дете, уште еден син. Војвотката од Кембриџ се породи во 11 часот утрото, а веќе неколку часа подоцна во посета стигнаа принцот Вилијам со четиригодишнот Џорџ и двегодишната Шарлот.

Додека се движеле кон болницата преслатките Џорџ и Шарлот го држеле Вилијам за рака, а ако се суди според коментарите на социјалните мрежи, девојчето оставило најголем впечаток. Шарлот постојано се смешкала и ги поздравувала собраните фотографи и обожаватели и возбудено им мавтала. Највпечатливо било пред самиот влез во болницата, кога малата принцеза се свртела и ги поздравила сите присутни.

И покрај тоа што девојчето на почетокот на мај наполни три години, многумина забележале дека ги има сите предиспозиции кои треба да ги има една кралица. Повеќето корисници на социјалните мрежи се согласиле дека малата Шарлот е преслатка, а огромен број сметаат дека таа е вистинската наследничка на Дајана.

„Принцезата Шарлот целосно воодушеви, таа е преслатко девојче, а тоа како им мавташе на присутните навистина го стопи моето срце“, бил еден од коментарите.

Кејт и Вилијам веќе го претставија новиот член на семејството, а војвотката вчера ја напушти болницата.

Кејт се породи во понеделникот во болницата „Сент Мери“ во Лондон, во луксузното Линдо крило. Од Кенсингтонската палата порачале дека на свет донела здраво момче тешко 3800 грама и принцот Вилијан бил со сопругата за време на породувањето.

Војвотката Кејт се чувствува добро, сè минало во најдобар ред. Ваквата информација службите од палатата ја објавиле на социјалните мрежи. За Кејт се грижел тим од 20 лекари, а гинеколозите Гај Торп-Бистон и Алан Фартинг биле одговорни за породувањето, исто како и во претходните два случаи, со Џорџ и со Шарлот.

 

 

Scroll to Top