(Фото) Принцот Чарлс и Камила шетаат во Атина

Британскиот принц Чарлс со својата сопруга Камила се во посета на Грција, родната земја на татко му. Оваа земја за него има посебна важност затоа што токму во оваа земја владеел неговиот прадедо.

Принцот Чарлс и неговата сопруга Камила прошетале денеска во центарот на Атина по средбата со поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот атински и сегрчки Херонимос.

Кралската двојка се прошета пеш до црквата „Панагија Капникареа“, една од најстарите во грчката престолнина, која се наоѓа во улицата Ерма, пренела агенцијата „Ана“.

Попатно тие запреле и купиле од уличен продавач ѓевреци и разговарале со неколку минувачи, кои ги препознале, и со нив направиле снимки со мобилните телефони.

Кралската двојка исто така имаше можност да се сретне со премиерот на Грција, Алексис Ципрас, и со претседателот Прокопис Павопулос. Во план е и посета на островот Крит.

Scroll to Top