(Фото) Принцот Филип казнет од полицијата, возел без појас

By

Сопругот на британската кралица Елизабета II, принцот Филип (97), доби полициско предупредување откако бил снимен како вози без безбедносен појас, само два дена откако предизвика сообраќајна незгода.

Британските медиуми ги објавиле фотографиите на кои принцот Филип вози автомобил „ленд ровер“. Фотографиите ги направиле во саботата во Норфолк.

„Знаеме за фотографиите. Соодветните совети се упатени на возачите и ова е во рамки на нашите стандардни реагирања кога ќе добиеме такви фотографии кои прикажуваат ваков вид прекршоци“, изјавил портпаролот на британската полиција.

Во четвртокот принцот Филип предизвикал сообраќајна несреќа кога неговиот автомобил се превртел во судар со друго возило.

Принцот од несреќата излегол без тешки повреди, додека двете жени кои биле со деветмесечно бебе во другото возило претрпеле полесни телесни повреди, поради што веднаш биле пренесени во болница, а подоцна пуштени дома.

Ќе ви се допадне

AnimeTV popular anime tv shows: Watch Kaguya-sama: Love is War Season 2 Episode 2 (https://animetv.cc/m/JYYO/ep-2)

ANIMEFLIX dubbed anime: Watch Wonder Egg Priority Episode 7