Вовјводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, ќе се преселат во новиот дом на имотот Виндзор на почетокот на следната година, пренесува агенцијата „Асошиејтед прес“.
Како што пишува агенцијата, кралската двојка ќе се исели од Кенсингтонската палата и ќе премине во Фрогмор Котиџ на имотот во дворецот Виндзор, каде ќе се подготвуваат за раѓањето на своето прво дете, кое се очекува да стигне на пролет.
Станува збор за имотот Фрогмор, кој им го подарила кралицата Елизабета II, а токму на ова место Хари и Меган го направија службеното фотографиање по повод свршувачката на крајот на декември минатата година.
„Војводата и војвотката од Сасекс, се подготвуваат да се преселат во Фрогмор, по повод доаѓањето на новиот член во кралското семејство. Службената канцеларија на Хари и понатаму ќе остане во палатата Кенсингтон“, стои во службената објава која стигнала од кралската палата.
Куќата со имотот оригинално ја купил кралот Џорџ III, како подарок за својата сопруга Шарлот. На неа се наоѓа мавзолеј од кралицата Викторија и принцот Алберт, на западната страна на градината. Мавзолејот на кралицата и принцот стојат на западната страна на градината и досега била отворена само три дена за посетителите.