(Фото) Рајан Рејнолдс, по вакцинирањето, се пошегува со теоретичарите на заговор

Холивудскиот актер Рајан Рејонлдс се вакцинира против коронавирус и од вакцинирањето сподели фотографија на социјалните мрежи под која се пошегува на сметка на теоричарите на заговори.

„Конечно, добив 5Г“, се пошегува актерот.

Рејнолдс позирал со розова капа на главата и со заштитна маска додека ја примал вакцината.

„Многу сум среќен за тебе“, „Но, таа капа“, „Честитки, се надевам дека сега нема да се претвориш во Дедпул“, „Крал“, „Мислев дека Дедпул е бесмртен“, „Сега можеш да станеш издание на Дедпул 5Г“, беа дел од коментарите на фановите.

Оваа шега произлезе од многубројните теории на заговор, во кои 5Г-мрежата беше поврзувана со коронавирусот, а вакцинирањето со чипирање на луѓето.

Scroll to Top