(Фото) Рајан Рејнолдс со ужасни фотки ѝ честиташе роденден на Блејк Лајвли

Тие се познати по нивните меѓусебни шеги и „тролања“, а овој пат актерот ѝ го „уништи рејтингот“ на сопругата со ужасните фотки од неа кои ги објави за нејзиниот роденден.

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли се единствениот пар во Холивуд кој се однесува сосема природно, а тие не се срамат  да си прават шеги на своја сметка.

Актерот е секогаш расположен да се шегува со сопругата па така овој пат со лоши фотки од неа ѝ го  честиташе 32. роденден на бремената Блејк.

На неговиот инстаграм-профил објави 10 фотки од нивната досега невидена колекција, на кои Блејк и не е толку совршена како на црвениот тепих…

Ова не е првпат на сличен начин да ѝ го честита роденденот, со оглед на тоа што во 2017 објави фотка од нив двајца на која Блејк едвај се гледа и напиша „Среќен роденден на мојата прекрасна сопруга“.

 

Scroll to Top