Австралиската глумица Ребел Вилсон (40) првпат се појави во јавноста со нејзиниот нов дечко, 29-годишниот Џејкоб Буш. Тие беа гости на Гала-вечер на планетарно здравје, што ја организира принцот Алберт од Монако. Џејкоб, кој е наследник на пиварницата „Анхојзер-Буш“, е првиот маж со кој Вилсон се појавила заедно во јавноста.
Ребел и Џејкоб се запознале лани преку заеднички пријател и комуницирале преку социјалните, бидејќи таа беше во Австралија, а тој во Америка. Се сретнале пак откако Ребел се врати во САД да снима нив филм и во врска се веќе неколку месеци.
Американските медиуми пишуваат дека ова се случува откако глумицата ослабе 18 килограми. Таа неколку месеци објавува слики и видеа од процесот на слабеење, во кој ѝ помага личниот тренер Џоно Кастано.