(Фото) Рејчел МекАдамс чека бебе

Глумицата Рејчел МекАдамс, која се прослави со улогата на Али во романтичната драма „Бележникот“, е бремена. 41-годишната глумица ја чуваше бременоста во тајност, но беше сликана додека пазари во продавница за бебиња во Лос Анџелес, а на сликите се гледа нејзиниот труднички стомак.

Ова ќе биде второ дете на актерката и нејзиниот партнер Џејми Линден. Тие имаат двегодишен син. Откако стана мајка, Рејчел изјави дека тоа е најдобрата работа што ѝ се случила во животот.

 

Scroll to Top