(Фото) Рејчел, Моника и Фиби повторно заедно

Глумицата Џенифер Анистон на „Инстаграм“ објави фотографии од дружбата со Кортни Кокс и Лиза Кудроу. И по 16 години од снимањето на „Пријатели“, трите глумици останаа блиски.

Анистон, која минатата година отвори инстаграм-профил, сподели фотографии од нивната последна средба. Таа често објавува слики од нивните дружби, а за последните фотографии  за кратко време доби преку милиони лајкови и пофални коментари.

Публиката ги обожава и во коментарите им порачаа дека сакаат повторно да се снима серијата „Пријатели“ .

 

Scroll to Top