Американската пејачка Ријана ги изненади папараците пред кој позираше на – 50 степени со пролетни сандали. Ријана застана пред новинарите и репортерите кои од глава до пети беа облечени во фул зимска опрема и го голите нозе издржа 10 минути да се дружи со нив на студеното време.
Поп-ѕвездата се појави на вечерта во СоХо во свилен фустан, преку кој имала Y/Project блејзер со боја на праска. Стајлингот го комплетирала со „Фенди“ торба и секси сандали на Маноло Блахник.
Америка во последните неколку дена ја зафати силен студен бран со температури од 50 степени под нулата. Само во Чикаго се очекува термометарот да покаже – 56 степени, а службите ги советуваат граѓаните да не излегуваат надвор, затоа што временските услови не дозволуваат човек да издржи повеќе од 10 минути.