(Фото) Ријана навиваше за Кристијано Роналдо

By

Светската пејачка Ријана вчера беше видена на стадионот во Торино каде навиваше за својот пријател Кристијано Роналдо. Таа го следеше мечот меѓу Јувентус и Атлетико Мадрид во Лига на Шампиони.

Пејачката и фудбалерот се големи пријатели, а фудбалерот досега неколкупати бил виден на некои од нејзините концерти. Светските таблоиди пишуваа порано и дека се во врска, но Ријана ги отфрли таквите информации, велејќи дека се шпекулации.

Натпреварот меѓу Јувентус и Атлетико Мадрид заврши со победа на италијанскиот тим. Со погодокот на Дубала во судиското продолжение од првиот дел Јувентус го потврди првото место во групата и пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Аргентинецот од слободен удар, од речиси мртов агол успеа да го совлада гостинскиог голман.

Кристијано Роналдо на овој натпревар прослави јубилеј. Португалецот го одигра 175. натпревар во ЛШ и го мина фудбалерот на Милан, Паоло Малдини, станувајќи играч со најголем број на настапи во ова елитно натпреварување.

 

Ќе ви се допадне