Светската ѕвезда Рики Мартин на црвениот тепих на Греми наградите дојде во друштво на својот 10-годишен син Матео. Двајцата беа облечени во црно, Рики носеше костум, а Матео беше облечен во кожена јакна. Стилистите го пофалија нивниот изглед, и напишаа дека Матео е копија на Рики, и со изгледот и со стилот.
Освен Матео, на доделувањето на Греми наградите, друштво на порториканскиот пејач му правече сопругот Хуан Јосеф, кој цела вечер седеше во публиката и овојпат не се појави на црвениот тепих пред фотографите.