(Фото) Рики Мартин објави прва слика од ќерката Лусија

Порториканскиот пејач Рики Мартин на „Инстаграм“ објави прва слика од ќерката Лусија. Тој и неговиот сопруг, Хуан Јосеф, за Нова година објавија дека станале родители на девојче и открија дека го добиле со помош на сурогат мајка. „Светлината во моите очи“, напиша светската ѕвезда покрај сликата.

47-годишниот пејач и неговиот 34-годишен сопруг се во брак повеќе од една година. Тие се верија во ноември 2016 година. Освен ќерката Лусија, тие ги имаат и 11-годишните близнаци Матео и Валентино, кои Рики ги доби од сурогат мајка пред да го запознае Хуан.

Scroll to Top