(Фото) Роналдо петти пат ќе стане татко

Фудбалерот Кристијано Роналдо петти пат ќе стане татко, пренесуваат светските медиуми. Неговата свршеница Георгина Родригез е на почетокот на бременоста. Иако веста не е потврдена, Георгина неодамна се појави на доделувањето на наградите MARCA во тесен фустан под кој наводно се гледа труднички стомак, па тоа ги поттикна коментарите за бременоста. Роналдо и Георгина веќе имаат едно заедничко дете, едногодишната ќерка Алана Мартина.

Освен Алана, Роналдо има уште три деца – Кристијано Роналдо јуниор, Матео Роналдо и Ева Марија дос Сантос.

Според светските медиуми, Роналдо уште пред неколку години изјавил дека има цел  да освои седум Златни топки и да има седум деца. Тој досега има освоено пет од најпрестижните фудбалски награди и има четири деца.

Scroll to Top