(Фото) Салма Хајек со седа коса: Не сум од оние кои сакаат да се засекогаш млади

Холивудската актерка Салма Хајек е една од ретките кои не се срамат од стареењето. Таа зад себе има завидна кариера и е  една од актерките кои немаат комплекси поради годините. Салма Хајек има 55 години и не се обидува да остане „засекогаш млада“.

Затоа сподели фотографија на која покажа својата седа коса.

„Коса на мудроста“, напиша актерката покрај фотографијата што ја објави на својот инстаграм-профил.

Отсекогаш отворено зборувала за својот изглед и е голем поддржувач на целосно природните изданија.

„Кога ќе ги погледнам моите слики во 30-тите и 40-тите години, се гледам себеси многу поубава отколку што мислев во тоа време. Бев прилично критична кон себе, па сега кога ќе се погледнам во огледало размислувам за работи што не ги гледам во моментот и како ќе си се допаднам за 10 години“, рече таа во една прилика.

Салма не сака да се шминка премногу, па затоа се чувствува најдобро кога воопшто не треба да се грижи за својот изглед.

„Омилени денови ми се кога не мора да се шминкам и кога не морам да се гледам во огледало затоа што навистина не ми е грижа како изгледам. Тогаш сте целосно присутни и не сте оптоварени со неважни работи“, рече таа.

Сепак, како и многу жени, не е дека воопшто не размислува за промените во лицето и телото што и ги донеле годините.

„Најлошиот дел од стареењето се моите очи. Но, тоа не се борите, туку самите очи. Јас сум визуелен тип и сега веќе не можам да читам без очила. Тоа е навистина тажно. Оштетувањето на видот за мене беше полошо од менопаузата“, призна актерката.

Салма ја започна својата блескава кариера во мексикански теленовели, но брзо се проби во Холивуд благодарение на хит-филмовите „Десперадо“, „Од самрак до зора“ и „Догма“. Сепак, круна на нејзината кариера е секако улогата на Фрида Кало, уметница која неверојатно живописно ја прикажа во биографски филм.

Scroll to Top