(ФОТО) Се е договорено: Лима во лажна врска со турскиот писател?

By

После многуте гласини дека ќе се смири со Марко Јариќ, Адриана Лима стави точка на овие приказни кога се појави во јавност со новиот партнер, турскиот писател Метин Хара.

Но не е се така идеално- турските медиии се убедени дека нивната врска е всушност обична фарса, поради тоа што овој писател и порано се служел со слични трикови со цел да ја зголеми продажбата на своите книги.

Тие двајца се запознаа во Јуни, а непосредно пред тоа убавицата истакна дека е сама. Па поради тоа на сите им е неверојатно што толку брзо станаа неразделни.Турските медии пишуваат дека нивната врска е маркетиншки трик и дека Лима се согласила да излезе во пресрет на еден заеднички пријател од Турска кој е продуцент и сака да помогне кариерата на писателот да тргне во нагорна линија.

✨💫🙏 Happy to meet my new enlightened friend🙏💫✨ @metinhara✨

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima) on

Ќе ви се допадне