(Фото) Се омажи порно-глумицaта Миа Калифа

Една од најпопуларните порно глумици, Миа Калифа, се омажи вторпат. Таа на својот инстаграм-профил објави неколку слики во венчаница. Либанската порно-глумица во март се сврши со шведскиот готвач Роберт Сандберг и рече дека се надева дека вториот брак ќе ѝ потрае.

Миа на 18 години се омажила за момчето со кое била во љубов во средното училиште, но тој брак кратко траеше.

„Поранешиот сопруг беше љубоморен“, рекла таа. Се развеле уште пред да стане светски позната порно ѕвезда.

Иако не снима филмови веќе неколку години, фановите се надеваат дека Калифа повторно ќе се врати во порно-индустријата.

„Луѓето мислат дека сум заработила милиони од порно-филмовите, а јас вкупно заработив 12.000 долари во таа индустрија. Наоѓањето нормална работа откако престанав да снимам порно-филмови оди тешко“, рекла Миа.

Калифа беше една од најпопуларните порно глумици, иако работеше само три месеци. Таа престана да снима откако почна да добива закани по живот.

„ИСИС почна да ми се заканува. Тогаш одлучив да престанам. Кога станав популарна, си реков во себе дека треба да избегам од сето ова. И така не беше нешто што сакав засекогаш да го работам. Само сакав да се забавувам“, додала таа.

Scroll to Top