(Фото) Се продава писмото со кое Тупак ѝ раскинал на Мадона

Рачно-напишаното писмо од починатиот рапер Тупак Шакур, со кое пред 24 години ѝ раскинал на Мадона, ќе се продава на онлајн аукција на 17 јули, пишува „Индепендент“. Писмото е напишано една година пред смртта на Тупак, додека беше во затвор во 1995 година. На аукцијата ќе се продаваат и касети од Мадона и чешли со прамени од нејзината коса. Аукцијата ја организира нејзината поранешна пријателка Дарлин Лац.

Не е првпат ова писмо да се најде на продажба. За него во 2017 година беа понудени 100.000 долари, но продажбата не се случи заради спор на Дарлин и Мадона. Во меѓувреме, судот во Њујорк досуди во корист на Дарлин, па таа сега повторно го продава писмото. Овојпат, почетната цена ќе биде 100.000 долари.

 

Scroll to Top