(Фото) Се продава вилата на Шон Конери

Луксузната вила на починатиот холивудски актер Шон Конери се продава за цена од 34 милиони долари. Вилата се наоѓа во Франција, на само 30 минути од Монако.

Шон Конери живееше во неа дванаесет години, заедно со неговата сопруга, пред да се преселат на Бахамите, каде што почина на 31 октомври.

Вилата има шест ката, а многумина ја нарекуваат „Џејмс Бонд Вила“. Нејзиното вистинско име е „Le Roc Fleuri“. Вилата има шест спални соби и поглед на море.

На последниот кат има огромна просторија која има две спални соби и голем гардеробер. На имотот има две посебни куќи за гости, со спални и дневни соби. Покрај тоа, имотот има теретана, винарија, визба, спа-центар и канцеларија.

Scroll to Top