(Фото) Секс-снимка од синот на Бајден со дрога објавена на кинеска интернет-страница

By

Скандалозни, но непроверени снимки и фотографии од Хантер Бајден, синот на поранешниот американски потпретседател и сегашен претседателски кандидат Џо Бајден, беа објавени во неделата.

На снимките и фотографиите Хантер Бајден наводно консумира дрога, поточно крек, и се впушта во секс со проститутка.

Особено интересно е што видеото, кое е компилација од експлицитни снимки и слики, го објави непознат корисник на кинеската страница ГТВ, која порано годинава беше основана од поранешниот шеф на предизборниот штаб и поранешен главен советник на претседателот Доналд Трамп, Стив Бенон, и кинескиот милијардер Гуо Венгуи.

Не е познато дали скандалозните снимки и фотографии потекнуваат од т.н. лаптоп од пеколот, како што Бенон и адвокатот на Трамп, Руди Џулијани, го опишаа компјутерот за кој тие тврдат дека им го предал сопственик на компјутерски сервис во Делавер, каде што наводно Хантер Бајден го оставил лаптопот на поправка по што никогаш не се вратил да го земе.

Во коментарот за објавеното видео, како што објави конзервативниот американски портал „Вашингтон егземинер“, меѓу другото, се тврди дека кандидатот за претседател на САД, Џо Бајден е 100 % контролиран од кинеската Комунистичка партија, чија цел е ослабување, уништување и убивање на Америка.

Содржината беше објавена и на социјалната платформа за дискусии и споделување вести „Редит“, но таму сите објави со видеа или слики од неа беа бргу отстранети поради правилата на таа мрежа, односно забраната за недоброволна порнографија.

Новата објава сама по себе не е толку изненадувачка за оние што го следат скандалот со електронската пошта и лаптопот, чија содржина Џулијани и Бенон наводно ја добиле од сопственикот на сервисот со име Џон Пол Мекисак и потоа стратешки ја пласираа на конзервативните американски медиуми неколку недели пред изборите.

Ќе ви се допадне