(Фото) Серена на Австралија Опен со коали на ноктите

By

Американската тенисерка Серена Вилијамс во знак на поддршка на Австралија, нацрта коали на нејзините нокти. Нејзините фанови на Австралијан Опен ја поздравија тенисерката за нејзиниот гест.

Коалиците кои беа нацртани беа во знак на поддршка за големата акција за спасување на животните кои настрадаа во големите пожари кои ја зафатија цела земја.

Вилијамс за време на природните непогоди беше активна на социјалните мрежи и ги повика сите кои можат да донираат пари за спас на дивите животни.

„Срцето ми се скрши поради пожарите во Австралија. Изгубивме преку 500 милиони животни. Многу луѓе останаа без своите домови, а ние мораме да реагираме и да помогнеме колку што можеме. Австралија постојано ја посетувам во последните 20 години така што ова многу ме погоди“, напиша тенисерката на „Инстаграм“.

 

 

Ќе ви се допадне