(Фото) Серена со гол задник на насловната на светски магазин

Најдобрата тенисерка во светот, Серена Вилијамс, се појави разголена на насловната страница на светскиот магазин „Базар“. Тенисерката која на насловната се појави во златен фустан, во интервјуто открива детали од својот живот.
Фановите со поделени мислења околу нејзиниот изглед и однесување. Некои сметаат дека тенисерката и по бременоста изгледа одлично, но други ја критикуваат дека се однесува вулгарно и непримерно.
Серена открива дека нејзинот пат не бил отсекогаш лесен. Родена е во сиромашно семејство, а целото детство вели дека ѝ поминало во селење од еден во друг град. Нејзината мајка се омажила за татко ѝ Ричард Вилијамс, кој пред 30 години работел како земјоделски надзорник. Оваа работа била најниско платена во тоа време.
Серена вели дека и нејзиниот татко  го обожавал тенисот. Во тоа време Афроамериканците не играле тенис, се присетува Серена, која вели дека уживала додека ги следела турнирите. Тоа ја натерало за првпат да го земе рекетот во рака.
„Кога имав 17 години го освоив првиот гренд-слем. Знаев дека во мене има уште желба за освојување. Ги собрав работите и ја напуштив куќата на татко ми. Трофејот го оставив кај него. Ми рече да не се грижам и дека следниот кој ќе го освојам ќе можам да го чувам кај мене дома“, се присетува Серена во интервјуто за „Базар“.
Серена е родена во Мичиген, а во кариерата има заработено 88,9 милиони долари. Има пријавено имоти на Палм Бич на Флорида. Неодамна го напуштила нејзиниот двособен стан кој го поседува во Париз со поглед на Ајфеловата кула. Таа вели дека ваквата одлука не ѝ паднала тешко, затоа што поседува уште три луксузни недвижности.
Scroll to Top