(Фото) Сестрата на Бекам обвинета за насилство

Џоана, помладата сестра на фудбалерот Дејвид Бекам, е обвинета за насилство откако нејзиното момче, Крис Донели, ја пријавило во полиција дека го натепала со далечинскиот управувач. Џоана, наводно, го истепала со далечинско, а тој имал модринки на окото.Кавгата се случила околу порака за која Џоана мислела дека е доказ оти тој ја лаже, пишува „Дејли меил“. Таа била повикана на распит во полиција, а потоа била пуштена дома.

Крис, кој е ѕвезда на британскиот „Големиот брат“, и сестрата на Бекам се во врска неколку години. Двојката има бебе.

Крис Донели

 

Scroll to Top