(Фото) Сестрите Кардашијан потрошиле милиони за божиќна забава

Ким Кардашија и нејзините сестри Кортни Кардашијан и Кајли Џенер потрошиле милиони долари за украсување на домот и организирање на божиќна забава за нивните пријатели, пишуваат светските медиуми. Тие објавиле фотографии и видеа, а многумина ги осудија дека претерале и дека ја уништиле смислата на Божиќ.

„Не е целта да се потрошат милиони на забава. Ова е навистина премногу“, им коментирале фановите на Кардашија, под фотографиите.

Сестрите Кардашијан изнајмиле и пејачки кои ги забавувале гостите, а нивната вила вредна шест милиони долари целата била накитена со стотина божиќни ѕвездчки. Со светлики накитени биле и боровите и обичните дрвца.

„Сè изгледаше како бајка“, напишала Ким Кардашијан.

Гостите во ходникот ги пречекувале пејачки кои им пееле Божиќни песни, а имале можност да пробаат и од скапите и вкусни божиќни колачи.

Scroll to Top